Во тек се градежни активности за изградба на новата западна трибина на Градскиот стадион во Општина Штип. Како што и се ветуваше, тоа и се остварува.
Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија, западната трибина ќе има капацитет од 2.400 седишта, простор за медиуми и за лица со инвалидитет, ВИП ложа и ресторан. Во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
Повеќе од јасно е дека Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна во државата.