Аврамовски преговара со турскиот второлигаш Кочаелиспор

280

Турските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец Даниел Аврамовски може да остане во Турција, ако успее да се договори со турскиот второлигаш Кочаелиспор. Според информациите, „зелено-црните“ се во потрага по две нови засилуивања во офанзивниот ред, па во моментов разговараат со Тунижанецот Фирас Чуат и со нашиот репрезентативец.

Разговорите се во тек, па останува да се види дали договор може да биде постигнат. Аврамовски пред извесно време ја заврши соработката со Кајзериспор каде дојде на почетокот на сезоната.

ПретходноМечот Феникс – Пелистер одложен за 2 март
СледноБројките не лажат: Хансен во полуфинале секогаш постигнува минимум 10 гола!