Аргентина не му прости на Чиле, Бразил однесе бод од Еквадор, Суарез среќен за Уругвај (ВИДЕО)

209

Аргентина го победи Чиле со 2:1 на гостувањето во Калама во 15. коло од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. За „гаучосите“ мечот не беше многу важен, бидејќи веќе се сигурен учесник на Мундијалот во Катар, додека за домаќините беше важна победата, бидејќи им требаат бодови во борбата за место кое може да ги однесе во Катар. Сепак, гостите одиграа за своја чест и успеаја со головите на Анхел ди Марија во 10. и Лаутаро Мартинез во 34. Минута да дојдат до триумф. За домаќините почесниот гол го постигна Бен Брерентон-Дијаз во 21. минута.

Еквадор и Бразил одиграа без победник 1:1 во меч во кој главната улога ја имаше судијата Вилмар Ролдан, кој имаше низа несоодветни одлуки, а во неколку наврати мораше да ги менува пресудите по прегледувањето на ситуациите со ВАР. Покажа два црвени картони, поништи уште два, а досуди и поништи два пенали.

Натпреварот не беше особено важен за „кариоките“, кои веќе обезбедија пласман на Светското првенство во Катар, па мечот и го одиграа практично со својот втор тим. Од друга страна, на домаќините им треба секој бод во битката за пласман на шампионатот.

Бразил го отвори резултатот со првата подобра шанса, а стрелец беше Каземиро. Еквадор успеа да израмни во 75. минута со голот на Торес.

Со голот на Луис Суарез, Уругвај дојде до голема победа над Парагвај на гости и се искачи на 4. место на табелата со големи шанси за учество на Мундијалот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноНадал го „среди“ Беретини и закажа финале на Австралија опен
СледноКари ги однесе „воините“ до 36-та сезонска победа, нов пораз за Лејкерс (ВИДЕО)