Статистиката од последните големи натпревари на европските и светските првенства изнесе и еден неверојатен факт за една од најголемите ракометни ѕвезди на денешницата.
Имено, Данскиот супер-стар Микел Хансен е најголем секогаш кога е најпотребно, а тоа се мечевите во кои се решава битката за медалите. Имено, Хансен на последните пет полуфиналиња за својата репрезентација на ЕП или СП секогаш постигнувал најмалку по 10 гола, иако „мерка“ му се 12 погодоци.
Тоа укажува уште еднаш дека Шпанија вечерва мора да најде начин како да го задржи под оваа бројка, ако сака да слави и да игра во финале, а меѓудругото и да ја прекине серијата од 4 последователни порази на дуелите со денешниот противник.
Учинокот на Хансен во полуфиналињата:
ЛОИ 2016: 10 гола
ЕП 2018: 12 гола
СП 2019: 12 гола
СП 2021: 12 гола
ЛОИ 2021: 12 гола