Вулверхемптон донесе уште еден репрезентативец на Јужна Кореја

289

Во претходните сезони носеа засилувања од Португалија, а сега Вулверхемптон ја свртеа плочата и носат фудбалери од Азија, поточно од Јужна Кореја. По крилниот напаѓач Хван Ли Чанг кој дојде од РБ Лајпциг со тоа што потпиша перманентен договор, сега Вулверхемптон донесе уште еден фудбалер од Јужна Кореја. Се работи за голема фудбалска надеж на Јужна Кореја и неговото име е Јунг Санг Бин кој доаѓа од екипата на Сувон. Тој е десно офанзивно крило, има 19 години и веќе има еден настап на репрезентацијата на Јужна Кореја. Тој доаѓа со постојан договор, а сумата не е соопштена.

Сепак, новиот фудбалер нема веднаш да му се приклучи на Вулверхемптон, туку тој е испратен на позајмица во швајцарскиот Грасхопер. Позајмицата е на 18 месеци каде што ќе напредува на фудбалски план со оглед на тоа дека Вулверхемптон нема веднаш да го пуштат во „оган“ во Премиер лигата.

 

ПретходноВо Будимпешта ќе гледаме реприза од 2018: Шведска преку Франција до финале на ЕП!
СледноМирчевски е нов играч на ТСЦ Бачка Топола