Гафури: Во Воска дојдов и поради мојот пријател Изо Емини!

625

Воска Спорт, второпласираниот тим по есенскиот дел во ВМФЛ – ЗАПАД, и тоа пред Вардар, во зимскиот преоден рок кој се уште трае успеа да го донесе капитенот на Ренова, Арѓент Гафури. Секако дека тоа е едно од најголемите изненадувања на трансфер – пазарот во мак – фудбалот оваа зима.

Се разбира дека сите во Воска Спорт, а посебно стратегот Раде Цицмиловиќ очекува многу од искусниот Гафури, кој може да игра на повеќе места во тимот.

Самиот Гафури е веќе месец дена во Охрид, според него првите впечатоци се одлични.

Да, првите импресии се одлични. Морам да кажам дека јас тука во Воска Спорт дојдов поради тоа што ме привлече проектот на клубот, секако амбициите на клубот. Сепак треба да кажам дека дојдов и поради мојот голем пријател Изо Емини со кого долго време игравме заедно во Ренова. Тој ми кажа убави работи за Воска Спорт, и еве јас сум тука“ изјави Гафури.

ПретходноНорвешка го освои петтото место по победата над Исланд во продолжението
СледноМагдинчев: Лино не е во право за Самсоненко, да бидеме реални успехот на Вардар тешко ќе се повтори!