Македонската ракометна репрезентација ја чека тешка задача за пласман на Светското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Полска и Шведска. Пласманот на 22. место на Европското првенство кое завршува во недела, за избраниците на Кирил Лазаров значи одигрување на два баражи.
Во првиот бараж, Македонија ќе биде носител, а за противници ќе гима селекциите на Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Израел, Грција, Италија, Романија или Швајцарија. Името на противникот во првиот „филтер“, Македонија ќе го дознае утре во Будимпешта, мечевите ќе се играат меѓу 14. и 20. март.
Доколку нашите ракометари го минат овој бараж за пласман на Мундијалот ќе играат против имиња кои се сериозни ривали. Носители во втората фаза се Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Србија и Русија, Црна Гора, Холандија и Исланд.
Овие дуели е предвидени да се одиграат на 11. и 17. април.
Македонија на Светските првенства има седум учества, пет во низа.