Вчера во Анталија екипата на Брегалница во пријателски меч успеа да го победи Металист 1925 од Украина со 4:0. Одличен меч за штипските “сини“, убави голови, но треба уште еднаш да се потсетиме на мајсторијата на Бобан Георгиев, гол кој ретко се гледа на фудбалските терени.
Голот УБАВЕЦ, ремек – делото на Георгиев на видеото можете да го видете во 1:05 минута…