Надал го „среди“ Беретини и закажа финале на Австралија опен

118

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во финалето на Австралија Опен. Во првото полуфинале утрово, Надал го победи италијанскиот тенисер Матео Беретини со 3-1, во сетови 6:3, 6:2, 3:6, 6:3.

Шпанецот во недела од 09:30 часот во првото Грен Слем финале оваа година ќе игра против подобриот од мечот Данил Медведев – Стефанос Циципас.

Ова за Надал ќе биде битка за рекордната 21. Грен слем титула.

ПретходноПеп и Клоп повторно во трка за менаџер на месецот
СледноАргентина не му прости на Чиле, Бразил однесе бод од Еквадор, Суарез среќен за Уругвај (ВИДЕО)