Голманот на Ливерпул и на бразилската фудбалска репрезентација, Алисон Бекер, стана првиот играч во современата фудбалска историја по воведувањето на ВАР кој двапати добил црвен картон на ист натпревар, а одлуката и во двата наврати била поништена.
Синоќа на натпреварот од 15. коло од квалификациската фаза за Светското првенство во катар, репрезентацијата на Бразил одигра 1:1 на гостувањето кај Еквадор, а Бекер напрво во 31. минута доби црвен картон од судијата Вилмар Ролдан, но откако ја погледна репризата на видеото се предомисли.
Вториот пат судијата му покажа црвен картон на Бекер во продолжението, но и тој го откажа по прегледувањето на ВАР.
Alisson Becker was given two red cards and sent off twice playing for Brazil against Ecuador tonight.
Both times VAR overturned them 🤣
— Believe In JESUS 🙏🏾❤️ (@GhanaSocialU) January 28, 2022