Руни: Точно дека Евертон ме бараше, но ги одбив затоа што имам поважна работа

362

Поранешниот фудбалер на Евертон и екс-англиски репрезентативец Вејн Руни откри дека од Евертон го повикале на разговор за работата менаџер меѓутоа и дека ги одбил. Руни одби можност да работи во Премиер лигата и остана во Дерби Каунти кој се натпреварува во Чемпионшип. На денешната прес-конференција на Дерби Руни зборуваше за понудата на Евертон.

Од Евертон зборуваа со мојот менаџер и ме побараа на интервју за работата. Меѓутоа ја одбив. Си имам работа, тоа е во Дерби Каунти што е многу важна за мене.Еден ден ќе бидат менаџер во клубот од Премиер лигата. Спремен сум за тоа, 100%. Дури и тоа да биде Евертон што би било прекрасно“, изјави Руни.

Евертон се свртел кон тројца кандидати. Актуелниот в.д. менаџер Данкан Фергусон, потоа Франк Лампард и португалскиот тренер Витор Фереира.

ПретходноМагдинчев: Лино не е во право за Самсоненко, да бидеме реални успехот на Вардар тешко ќе се повтори!
СледноХаланд откри против кого му е најтешко да игра: „Тој е вистинско чудовиште…“