Норвешкото чудо од дете Ерлинг Халанд откри против кој дефанзивец е најтешко да игра. Тој наведе дека имал многу проблеми со Холанѓанецот Виргил Ван Дајк кој игра за Ливерпул. Норвежанецот играл неколку пати против Ван Дајк и не добил ниту еден дуел.
„Тој е брз и висок. Со сето тоа има и совршен тајминг за дуел, а мислам дека против него немам добиено ниту еден дуел. Тој е физички вистинско чудовиште“, изави Халанд.
Ван Дајк во 2018 година направи трансфер од Саутемптон во Ливерпул за 85 милиони евра, а ги предводеше „црвените“ до титулата во Европа и во Англија. Минатата сезона имаше тешка повреда поради која отсуствуваше долго време, а оваа сезона се врати на терените.