Влаховиќ пристигна во Торино на прегледи и потпис со Јувентус (ВИДЕО)

192

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ утрово пристигна во Торино каде ќе потпише договор со Јувентус. Како што е редот, најпрво тој ќе мора да ги мине лекарски прегледи, по што ќе се верификува договорената соработка.

Трансферот од Фиорентина ќе ја чини „Старата дама“ 70 милиони евра плус уште пет преку бонуси, како што беше претходно објавено вчера.

Влаховиќ ќе добива седум милиони евра годишно нето за период од пет години. Во Јуве ќе настапува со дресот со број 28.

ПретходноЈакобсен: Мечот со Шпанија ќе биде уште едно „грицкање нокти“
СледноЛиверпул до понеделник треба да го купи Луис Диаз