Кањелас со еден збор го опиша палсманот во финалето – НЕВЕРОЈАТНО!

344

Шпанија ќе има шанса да стане втората селекција по Шведска која успеала на три Европски првенства во низа да се искачи на тронот. Бранителот на титулата одигра феноменален натпревар во полуфиналето против Даснка. Жорди Рибера уште еднаш се покажа како голем тактичар, ја „скоцка“ одбраната во вториот дел, Перез де Варгас царуваше на голот, Гомез одигра уште еден феноменален меч, а Кањелас уште еднаш покажа што значи за својата земја.

Сето ова беше доволно да се урне Данска и да се завери финале. Екс-Вардарецот, Кањелас победа ја опиша со еден збор – НЕВЕРОЈАТНО!

ПретходноПејтон Тајлер Чик ја засили Каменица Саса
СледноВо Будимпешта ќе гледаме реприза од 2018: Шведска преку Франција до финале на ЕП!