Ливерпул до понеделник треба да го купи Луис Диаз

158

Ливерпул е на чекор до потпишување договор со португалскиот крилен напаѓач од екипата на Порто, Луис Диаз. Најновите информации од извори блиски до клубот велат дека трансферот ќе биде реализиран за сума од 37.5 милиони фунти, плус бонуси во висина од околу 15 милиони фунти.

Колумбиецот кој беше трансфер цел на Тотенхем, спреферира да замине во дресот на „црвените“, па затоа неговиот можен трансфер во Лондон отпаѓа. 25-годишниот фудбалер беше трансфер цел на Ливерпул и во текот на летото. Оваа сезона Диаз забележа два настапи против Ливерпул со Порто во Лигата на шампионите, а на 18 натпревари, постигна 14 гола и дополнителни 4 асистенции.

ПретходноВлаховиќ пристигна во Торино на прегледи и потпис со Јувентус (ВИДЕО)
СледноМечот Феникс – Пелистер одложен за 2 март