Шкупи го потврди трансферот на грузискиот дефанзивец Гаги Маргвелашвили кој потпиша двегодишен договор со есенскиот првак на Македонија. Екс-играчот на Сабуртало и Динамо Батуми раскажа за првите впечатоци во редовите на чаирскиот клуб.
„Среќен сум што сум тука. Тука владее прекрасна атмосфера. Шкупи има добар тренер и се радувам што ќе работам со него. Тимот исто така е одличен, игра одличен фудбал, постинува многу голови, а прима малку. Доаѓам да го засилам тимот и да продолжиме да победуваме и да имаме одличен настап во Европа. Максимално професионално ќе ги бранам боите на овој клуб“, изјави Грузиецот.
Тој ќе биде дел од тимот на четвртиот контролен меч на Шкупи, против Факел кој ќе се игра утре во Анталија.