Десното крило Линус Персон е ново име во репрезентацијата на Шведска за вечерашното полуфинале со Франција. Тој му се приклучува на шведскиот тим на местото на Лукас Сандел, кој вчера доби позитивен тест на ковид-19. Персон заработи потрес на мозокот за време на Светското првенство и тогаш мораше да ги следи полуфиналето и финалето од дома. Сега улогите се сменија и тој ќе биде дел од полуфиналето како замена за Сандел. Хампус Ване, Никлас Екберг и Даниел Петерсон, кои беа заразени со Ковид-19, чекаат дозвола од ЕХФ за настап на денешниот дуел.
Дома Ракомет Европско првенство 2024 Персон на местото на позитивниот Сандел во селекцијата на Шведска!