Пејтон Тајлер Чик ја засили Каменица Саса

588

Актуелниот женски фудбалски македонски првак, Каменица Саса доби ново засилување оваа сезона. Станува збор за Пејтон Тајлер Чик, која доаѓа од Сиетл, САД. Таа потпиша едногодишен договор и од неа се очекува да биде лидер во пролетниот дел.

„Откако помина медицински тестови, Пејтон го потпиша својот едногодишен договор и се приклучи на првиот тренинг на актуелните Шампиони на Македонија. Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции, со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и порезултатни! Со среќа Пејтон, многу заеднички успеси и секако трета титула во низа“, велат од таборот на бранителот на титулата. 

ПретходноКосовецот во Наполи: Да бев Италијанец сега сите ќе зборуваа за мене
СледноКањелас со еден збор го опиша палсманот во финалето – НЕВЕРОЈАТНО!