Фудбалерите на Тиквеш продолжуваат со напорната работа во својата база во Анталија. Се воигрува тимот во пресрет на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Досега момците на стратегот Влатко Костов одигра два пријателски меча, против Партизан и против селекцијата на Узбекистан до 23.години, и во двата кавадарчани се поразени.
Денеска, како што информираат од таборот на Тиквеш, закажан е и трет „тест“ од тековнките подготовки во Анталија. Спаринг – партнер ќе биде тимот на Кубан Краснодар, тим од Втората лига во Русија. Тим кој што пред неколку дена во Анталија играше со Брегалница на кој славеа штипските „сини“.