„Фуријата“ ја оддува Данска, Шпанија фуриозно до финале (ВИДЕО)

288

Првото полуфинале на Европското првенство му припадна на актуелниот првак, Шпанија кој славеше против Данска со 29-25 (13-14), благодарение на одличната игра во одбраната во вториот дел. „Фуријата“ ќе има шанса да дојде втората репрезентација која на три континентални натпреварување по ред успеала да дојде до тронот.

Ова беше и прва победа на Шпанија над Данска на еден официјален меч по 2015 година. Во финалето избраниците на Жорди Рибера ќе играат со подобриот од Франција и Шведска. Шпанија го игра четвртото финале по ред на Европските првенства.

Де Варгас имаше 14 одбрани, Гомез запиша 11 погодоци, Кањелас постигна седум гола. На другата страна Хансен имаше осум гола.

На овој натпревар правдата на теренот ја делеше македонскиот тандем Ѓроѓи Начевски и Славе Николов.

Само три гола паднаа во првите девет минути (1-2), Ландин и Де Варгас беа главни на теренот. Јакобсен повика тајм-аут, Данска дојде на плус два 2-4, не искористи да поведе со три гола разлика. Ландин со седмата интервенција, го подигна светскиот првак, во 18. минута поведе со 4-8. Предноста од четири гола ја одржуваше до 23. минута, Шпанците го искористија исклучувањето на противникот, со два гола во низа доближија на 8-10. Данска се врати на плус три, но во самиот финиш, „фуријата“ благодарение на Кањелас и Гомез на одморот замина со резултат 13-14.

Шпанија продолжи во ист ритам, ја зацврсти одбраната, Кањелас изедначи на 14-14. Очекувано, се играше гол за гол, се чекаше една од селекциите да влезе во серија на грешки.

Де Варгас влезе во серија, Шпанија во 40. минута за првпат поведе, тандемот Гомез и Кањелас погодија за 18-16. На другата страна Данска имаше четири гола за 14. минути. Моитивираниот првак не застана дојде и на плус три 22-19.

 

Гомез со десетиот погодок донесе нови плус три (23-20). Данска проба со „седум на шест“ да дојде до изедначување. Шпанија имаше позитива од 25-22, а Де Варгас беше човекот, кој покрај Гомез и Кањелас, е најзаслужен за триумфот. По погодокот на за 27-23 во 27. минута, Данска намали на 27-25. Но, Кањелас стави печат на една минута за 28-25 и сигурно чекорење кон триумфот.

ПретходноЕ. Пелистер падна пред ППД Загреб
СледноМаргвелашвили потпиша на две години: Шкупи има одличен тим во кој владее прекрасна атмосфера