Тоа е Динамо: Хрватскиот гигант одби 10 милиони евра за Оршиќ!

577

Ете, од овој потег се гледа колку Динамо Загреб како клуб е силен, моќен, без речиси никакви финансиски проблеми. Имено денеска од клубот и официјално соопштија дека Мислав Оршиќ ќе остане во Динамо најмалку до јуни и со него ќе се оди по нова титула во ХНЛ. Тоа значи дека Динамо Загреб ја одби и официјалната понуда на Барнли вредна 10 милиони евра за Оршиќ. Интересно е тоа што фудбалерот има 29 години и дека сега беше шансата да за заработат многу пари од него, но Динамо го интересира титулата, а не тие 10 милиони што за останатите клубови на овие простори се мисловна именка, но не и за Динамо.

Едноставно клубот има пари, во последните четири години Динамо заработи од трансфери 120 милиони евра, и затоа Оршиќ нема да оди никаде, ќе игра за Динамо.

Секоја чест…

ПретходноРадуловиќ: И со скратена ротација на победа против Еуро Никел
СледноРоманија прва пречка за македонските ракометари на патот кон Светското првенство 2023