Фудбалската репрезентација на Буркина Фасо по четвртипат во историјата ќе игра во полуфиналето на Купот на Африканските нации. Вечерва во второто четврфинале, со единствениот гол на Уатара, Буркина Фасо обезбеди место меѓу четирите најдобри на шампионатот на „црниот континент“.
Последен пат Буркина Фасо стигна до битката за медалите во 2017 година кога загуби во полуфиналето и на крајот го освои третото место. Најдобриот пласман го имаа во 2013 година кога беа поразени во финалето од селекцијата на Нигерија.
🚨⚽️ | OUATTARA PUTS BURKINA FASO AHEAD! Burkina Faso 1 – 0 Tunisia pic.twitter.com/x7OQPdmlUM
— Football For You (@FootbaIlForYou) January 29, 2022