Клупските лекари на Ливерпул и директорот за управување со позајмици денеска пристигнаа во Аргентина, каде по се изгледа, успешно ги завршиле лекарските прегледи на новото засилување во тимот на Клоп, Луис Диаз. Иако беше најавено дека истите ќе се одвиваат во два дена, најверојатно завршиле уште вечерва.
Ливерпул подготви договор за Колумбиецот кој ќе важи до летото 2027 година. Според најавите на изворите блиски до „црвените“, Луис Диаз ќе заработува околу 90.000 фунти неделно.
25-годишниот крилен напаѓач најверојатно нема да биде на „Мерсисајд“ до крајот на следната недела бидејќи треба да се решат проблемите со визите.