Ешли Барти без загубен сет го освои Австралија Опен

663

Ешли Барти, домашната тенисерка го освои пехарот на Австралија Опен, за првпат во нејзината кариера. Во финалето беше подобра од Даниеле Колинс од САД со 2-0 по сетови (6-3, 7-6).

Барти одигра неверојатен турнир, до врвот дојде без да загуби ниту еден сет од почетокот до финалето.

Првиот сет почна изедначено, по 2-2, освои два гејма за 4-2 и без проблем дојде до 6-3. Во следниот имаше поголема мака, Американката пружи силен отпор. Имаше голема шанса да изедначи, особено ако се земе во предвид дека имаше предност од два брејка и водеше со 1-5, но Барти успеа да се врати и да изедначи на 5-5.

Дуелот отиде во тај-брејк, а таму Барти беше подобра, истиот го освои со 7-2 и дојде до голема победа.

ПретходноПеру со триумфот над Колумбија поблиску до СП во Катар! (ВИДЕО)
СледноББС ја разоткри големата лага на Ѓоковиќ?