Њукасл мака мачи на трансферниот пазар со засилувања. Иако има пари малку фудбалери се одлучуваат да преговараат со овој клуб со оглед на тоа дека се бори за опстанок во најсилната англиска лига. Го купија Крис Вуд за 30 милиони евра, платија 15 милиони евра за Киран Трипие, а по неколку неуспешни обиди за ангажирање на некои познати имиња одлучи да проба да го ангажира Бруно Гимараеш од Лион. Седумкратниот француски шампион ја прифати сумата од 40 милиони евра+2 милиони во форма на бонуси, Бразилецот наводно ги извршил лекарските прегледи во Бразил и до понеделник, кога е последниот ден од преодниот рок трансферот ќе биде комплетиран.
Се работи за дефанзивен играч за врска, кој играл за Атлетико Паранаенсе, а во 2020 година направи трансфер во Лион за 20 милиони евра.
Според информациите кои пристигнуваат од Англија, Бруно ќе потпише петгодишен договор со што ќе стане второто најголемото засилување на клубот од „Сент Џејмс Парк“ (првото е Жоелингтон кој дојде од Хофенхајм во 2019/20 за 44 милиони евра).
По Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед, и Њукасл ќе си има свој Бруно.
🚨 Bruno Guimarães to Newcastle: it’s done!
✅ Salary agreed
✍🏻 Contract until 2026
💰 Fee: €40M + €2M bonus
⌛️ It will be made official soon.(Source: @FabrizioRomano) pic.twitter.com/gYCiDRlHCR
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 29, 2022
Bruno Guimarães from OL to Newcastle, done deal and here we go! Paperworks now signed in Belo Horizonte together with club director and his agents. 🇧🇷 #NUFC
Medical completed in two sessions, yesterday and today morning. Contract until 2026.
Fee: €40m plus €2m add ons. pic.twitter.com/DfxPIFy6cP
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 29, 2022