Камерун се пласира во полуфиналето, заврши бајката на Гамбија

100

Репрезентацијата на Камерун се пласира во полуфиналето на Купот на африканските нации по триумфот над Гамбија со 2:0 вечерва на „Јапома“ стадионот во Дуала. Домаќинот на шампионатот го скрши противникот, инаку дебитант на африканскиот куп, со два гола на Карл Токо Екамби во второто полувреме.

Првиот го постигна во 50. минута, а вториот седум минути подоцна и со тоа стигна до пет гола на овогодишниот Африкански куп, еден помалку од соиграчот Венсан Абубакар.

Во полуфиналето Камерун ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Египет и Мароко.

 

ПретходноСенегалски репрезентативец го засили Шкупи!
СледноНевидено во Англија – Реализира четири пенали на еден меч!