Касано: Јуве со изборот на Влаховиќ направи сензационална грешка!

1101

Антонио Касано, екс репрезентативецот на Италија и екс – фудбалер на повеќе европски клубови, одновосо критика. Инаку тој е познат по тоа што секогаш има што да каже за најголемите клубови во Италија.

Овојпат тој “удри“ по Јувентус и одлуката на клубот од Торино за речиси 80 милиони евра да го купи Душан Влаховиќ.

Потегот на Јувентус е сензационална грешка. За таков тип на играч како што е Влаховиќ подобро ќе му биде да игра во екипи како Севиља, Арсенал или Тотенхем. Ова е ризичен потег, не очекувам тој во Јуве да игра како што играше во Фиорентина. Не гледам дека тој се вклопува во овој тим на Јуве. Накусо, ова е ризичен избор и на клубот и на самиот фудбалер“ истакна Касано.

ПретходноПрвата лига во скратен распоред – коронавирус прави проблеми!
СледноПријателска во Охрид: Ренова со убедлив триумф против Воска (4:0)!