Куманово без решение за триото на ТФТ – Хортон, Смит и Костоски (ФОТО)

237

Победи на домашните екипи на првите три средби од 14. коло во Првата лига. Најинтересно беше во „Кале“, каде ТФТ и Куманово одиграа одличен натпревар, а бодовите ги однесе тимот од Тафталиџе, славеше со 109-97.

Хортон, Смит и Костоски беа ударното трио, заедно реализира 64 поени, кај Куманово, Зивчевиќ имаше 24 поени.

За домашниот тим ова беше седма победа оваа сезона, за гостите 10 пораз.

ТФТ влезе добро во дуелот поведе со 13-5, по првата четвртина имаше позитива од 27-23. На другата страна гостите од средината на вториот период влегоа во ритам, на одморот имаа минимална предност од 48-49.

По одморот домашниот состав одново одигра на ниво на задачата и тука го реши победникот, третиот период го доби со 34-24, доволно за да остане во игра за првите шест места кои водат во Супер-лигата.

Во Гостивар се одигра натпревар со многу поени, домаќинот и МЗТ Скопје 2, заедно постигнаа 191 коша, а избраниците на Александар Јончевски славеа со 106-85. Ефремовски со 26 поени и Тодоровиќ со 25 поени беа први стрелци, кај гостите Петровски постигна 25 поени.

Академија ФМП по поразот од Пелистер веднаш им се врати на победите, на домашен терен го совлада Кожув со убедливи 92-64 и остана на четвртото место на табелата во Првата лига.

ПретходноНевидено во Англија – Реализира четири пенали на еден меч!
СледноМакедонија во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде домаќин на женското ракометно ЕП