МЗТ Скопје сигурен во Аеродром, кавадарчани по вторпат без одговор за првакот (ФОТО)

161

МЗТ Скопје по вторпат оваа сезона го доби Еуро Никел. Тимот од Аеродром овој пат на домашен терен славеше со убедливи 81-67 во рамките на 14 коло во Првата лига. Со 11 победа „сино-белите“ остнаа зад Пелистер, кој го држи врвот без ниту еден пораз.

Кавадарчани практично имаа сили за едно полувреме, по кое МЗТ Скопје ја превзема иницијативата, ја зацврсти одбраната и максимално го искористи проблемот на противникот со реализација.

Крстевски со 17 поени беше прв стрелец, по 14 поени имаа Дејвис и Рикиќ, 10 запиша Милошевиќ, на другата страна Калахан имаше 14 поени, 11 реализираше Дубински.

Прво полувреме со бројни пресврти одиграа двата тима. Гостие поведоа со 2-6, на другата страна актуелниот првак со серија од 9-0 доје на плус осум (21-13). Калахан и Самарџиски на стартот на вториот период веднаш ја надокнадија негативата, Димчевски и одново Калахан донесоа ново водство од 23-26. Беше вистинска резултатска нишалка до пред самиот крај кога домаќинот предводен од Крстевски и Мекиќ го смени текот, на одморот замина со плус пет 37-35.

Добрата одбрана на МЗТ Скопје беше причина за една поинаква приказна на теренот. Избраниците на Дарко Радуловиќ отворија со 14-7 и дојдоа на двоцифрени 51-39 во 26 минута, а потоа и на 57-43.

Дека ова ќе биде победа за МЗТ Скопје потврда дојде на стартот на третата четвртина, кога „сино-белите“ поведоа со плус 22 (68-46) по три пол минути игра. Еуро Никел се разбуди, како добредојде беа техничките грешки за клупата на МЗТ и Милошевиќ во 36 минута. На теренот настана мала бркотница, кавадарчани се обидуваа да ја дестабилизираа играта на домашниот состав, но истиот заврши без успех.

ПретходноПогба со ултиматум до Јунајтед!
СледноЕХФ ќе направи промена во термините за одигрување на полуфиналињата на ЕП