Мирчевски е нов играч на ТСЦ Бачка Топола

3422

Најдобриот стрелец во досегашниот дел од ПМФЛ шампионатот, членот на Академија Пандев, Мартин Мирчевски е нов член на тимот на ТСЦ Бачка Топола од Србија.

Еден од најамбициозните прволигаши кај нашиот северен сосед, го купува Мирчевски и се засилува со во моментов најдоброто од нашиот домашен шампионат.

Мирчевски имаше извонредна есен во дресот на Академија Пандев и постигна 16 голови во шампионатот. Тој е поранешен младински репрезентативец на Македонија и член на Пелистер, Победа, Вардар, Беласица, а има досега само едно интернационално искуство, во тимот на Трепча од Косово.

 

ПретходноВулверхемптон донесе уште еден репрезентативец на Јужна Кореја
СледноНа Јакобсен не му беше лесно да зборува, но им симна капа на Шпанија и Рибера