Митревски: Пасквал има многу трофеи, но Романија во баражот беше поразена!

394

Македонија можеше подобро, но и можеше полошо да мине во ждрепката за место на Светското првенство 2023 година. Доби добро познати ривали, Романија е првата пречка, доколку „црвено-жолтите“ ја минат оваа селекција, во вториот бараж ќе играат против Чешка.

Вербата постои, зошто Македонија има играно и против девет селекции. Искусниот голман верува дека ќе биде тешко и против Романија и против Чешка, потенцира дека не сме ниту фаворити, ниту пак аутсајдери, мора да се одбработи добро на терен за да се дојде до посакуваното место.

„Во првиот бараж играме против една од двете најдобри селекции што можевме да ги добиеме како противник. Ќе биде тежок двомеч, имаат искусна и квалитетна селекција со селектор кој како тренер освојувал многу трофеи. Но, во баражот против Македонија беше поразен. Во вториот бараж не очекува не многу звучно име, но многу квалитетна репрезентација. Сме имале многу соочувања со нив, но ќе биде еден сосема нов и посебен дуел. Не сме фаворити, но не сме ни аутсајдери“, ни изјави Никола Митревски.

ПретходноИнтер го потврди Фелипе Каиседо
СледноГо извадил Роналдо од игра а Перез веднаш му дал отказ!