Невидено во Англија – Реализира четири пенали на еден меч!

254

Интересна ситуација во меч од англиската Лига 1 (третата лига). Оксфорд Јунајтед како гостин го совлада Гилингем со 7:2, а четири гола на мечот постигна Камерон Бранаган и сите од пенал. Нешто невидено досега во англискиот фудбал, вистински уникат!

Како споредба 20 од 24-те тимови во Лига 1 немаат реализирано четири пенали севкупно на сите натпревари во досегашниот дел од сезоната, а Бранаган му успеа четири пати и тоа на еден меч.

Инаку Бранаган е поранешен играч на Ливерпул, се работи за фудбалер за врска кој во Оксфорд игра од 2018 година.

 

ПретходноКамерун се пласира во полуфиналето, заврши бајката на Гамбија
СледноКуманово без решение за триото на ТФТ – Хортон, Смит и Костоски (ФОТО)