Погба со ултиматум до Јунајтед!

353

Пол Погба, играчот за врска на Јунајтед се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера после јуни. Се шпекулираше месеци наназад дека неговиот трансфер во ПСЖ е готова работа, потоа исто така се пишуваше дека е блиску до Реал Мадрид или враќање во Јувентус.

Сепак последните информации од Островот велат дека тој најверојатно и натаму ќе остане на “Олд Трафорд“.

Сепак има едно но… односно Французинот му доставил ултиматум на клубот. Во него се вели дека Погба ќе остане само ако и Ралф Рангник остане во Јунајтед.

Во секој друг случај тој ќе си оди.

ПретходноМилевски, Цапар, шефот на Фенер…го “скенираа“ Шкупи!(ФОТО)
СледноМЗТ Скопје сигурен во Аеродром, кавадарчани по вторпат без одговор за првакот (ФОТО)