Првата лига во скратен распоред – коронавирус прави проблеми!

175

Коронавирусот продолжи да прави проблеми во распоредот на одигрување на мечевите во спортските настани. Традиционално паузата најрано завршува во кошарката, па екипите од овој спорт први продолжваат со битките.

Но, поради Ковид-19 бројот на одложени мечеви од коло во коло се зголемува. Денеска наместо шест ќе се одиграат четири натпревари. Поради пандемијата дуелите меѓу Феникс – Пелистер и Ангели – Работнички се одложени.

Три натпревари ќе се одиграат во терминот од 18 часот: Академија ФМП – Кожув, ТФТ – Куманово и Гостивар – МЗТ Скопје 2. Дебито на колото ќе се игра во Аеродром, таму Еуро Никел е гостин на МЗТ Скопје, дуелот е закажан со почеток во 19:30 часот, истиот ќе биде директно пренесуван на МТВ.

ТАБЕЛА: Пелистер 13-0, МЗТ Скопје Аеродром 10-3, Гостивар 8-5, Навико Академија ФМП 8-5, Феникс 2010 7-6, Работнички 7-6, Еуро Никел 2005 6-6, ТФТ 6-6, Кожув 5-8, Куманово 4-9, МЗТ Уни Банка 2-11, Ангели 1-12;

ПретходноТрајковски се сели во С. Арабија за годишна плата од 1,3 милиони евра!
СледноКасано: Јуве со изборот на Влаховиќ направи сензационална грешка!