Ренова – Воска Спорт 4:0 (2:0) е епиголот од денешниот пријателски меч, инаку втор оваа зима, меѓу Ренова и Воска Спорт во Охрид. Прволигашот поведе со 2:0 во првиот дел со головите на Јусуфи и Кахримановиќ. Во вториот дел момците на Ќатип Османи преку убавиот гол од слободен удар на Шефити, а потоа и на Рамадани, дојдоа до конечен триумф од 4:0.
Одново новото име Кахримановиќ имал одлично издание, очигледно е дека Ренова не погрешила со ова зимско засилување во своите редови.