Само што го облече дресот на Јувентус, а веќе го чека казна!

3061

Душан Влаховиќ како подарок за својот 22. роденден го облече дресот на Јувентус. Преговорите завршија во петокот, по завршување на лекарските прегледи тој и официјално стави потпис.

Српскиот напаѓач дојде до Фиорентина за 70 милиони евра, кои ќе бидат исплатени во следните три години.

Сепак еден од најголемите трансфери во јануарскиот преоден рок не можеше да помине без скандал, се подготвува казна за Влаховиќ.

Според информациите кои доаѓаат од Италија е дека тој бил позитивен на коронавирус кога пристигнал во Торини и го прекршил правилото за карантин.

„Сите кои имаат примено три вакцини, помеѓу позитивниот и негативниот тест мора да чека седум дена. Тоа се правилата. Ако ја напушти изолацијата, поради кршење на правилата ќе биде казнет. Акцијата која ја превземавме е задолжителна, мирни сме, во четвртокот ги превземавме сите мерки“, изјави од кризниот штаб во Тоскана.

Влаховиќ не добил дозвола за да допатува во Торино на лекарските прегледи и потпис, поради тоа е пријавен.

ПретходноЛегендата на Челзи се врати во Премиер-лига!
СледноШпанија во финале, но за „Марка“ тоа не е настан број еден! Во Франција приказната е поинаква!