Ракометната јавност го поздрави поразот на Данска од Шпанија во полуфиналето на Европското првенство кое завршува утре во Будимпешта.
Причината е едноставна, според многумина данските ракометари намерно изгубија од Франција во последниот меч од главната рунда за да играат против Шпанија во полуфиналето. Оваа математика на крајот ги чинеше многу скапо, беа елиминирани, па утре ќе играат за утешниот бронзен медал.
Николај Јакобсен на официјалната прес-конференција се огласи на оваа тема.
„Го дадовме максимумот против Франција и цврсто стојам на своите зборови. Тоа се глупави приказни дека намерно бевме поразени од Франција за да играме против Шпанија во полуфиналето, а не против Шведска. Шпанија е одличен спој на младост и искуство со одличен тренер, истото може да се каже и за Шведска“, изјави Јакобсен.