Сенегалски репрезентативец го засили Шкупи!

2081

Есенскиот македонски првак Шкупи продолжува да се засилува. Нов член на тимот од Чаир е сенегалскиот интернационалец Мамаду Данфа кој доаѓа од редовите на украинскиот прволигаш Колос. Се работи за крилен фудбалер кој ќе го замени Матеј Цветановски кој се пресели во Ѓермот.

Има 20 години, кариерата ја почнал во Каса спортс од Камерун, а во 2020 година направил трансфер во Колос. Има три натпревари за У20 селекцијата на Сенегал и еден настап за сениорската репрезентација на Сенегал во 2019 година.

FOTO> Официјален сајт на ФК Колос

 

ПретходноИ Њукасл ќе има свој Бруно – плаќа 40 милиони евра за него!
СледноКамерун се пласира во полуфиналето, заврши бајката на Гамбија