Скандал во Романија: Босанец даде гол со рака “како Марадона“ против тимот на Ашковски! (ВИДЕО)

256

Така е кога се нема ВАР. Имено вчера на мечот меѓу Сепси и Универзитатеа Крајова во пренството на Романија се случи скандал. Имено Елвир Кољиќ, интернационалецот од БиХ си даде гол со рака и око не му трепна што се вели даде гол „како Марадона“ и истиот му беше признат, секако дека си се израдува. Тој гол значеше и 1:1, сепак на крајот домашните победија со 3:1. За победничката екипа настапи и нашиот репрезентативец Стефан Ашковски.

Во јавноста во Романија овој потег на Кољиќ се вели дека е скандалозен.

ПретходноМедведев казнет пред финалето со Надал!
СледноМечот Шкупи – Факел во прекин во 85.минута, па судијата означи крај! (ВИДЕО)