И официјално. Ѓорѓи Стоилов, екс играчот на Зира, Академија Пандев, Хоризонт Турново, е нов член на Шкупи. На тимот кој во пролетната полусезона ќе атакува на шампионската титула во ПМФЛ.
Откако “Спортмедиа“ утринава најави дека големото засилување веќе е со чаирчани во базата во Анталија,следуваше и официјална промоција.
Договорот е потпишан на шест месеци со можност истиот да биде продолжен на една година.
На промоцијата Стоилов ја даде својата прва изјава како член на Шкупи…
„Секако дека драго ми е што потпишав за клуб како што е Шкупи. Овој клуб има традиција во нашиот фудбал. Јасни се целите во пролетниот дел. Многу сум среќен што ќе бидам дел од тимот со многу квалитетни играчи. Видете, а кој не би сакал да игра за Шкупи? Клуб со навистина фантастични навивачи“ посочи новото име во редовите на чаирчани.