Стојчевски од А.Пандев потпиша за Жилина!

1302

 

Андреј Стојчевски(18), фудбалерот на Академија Пандев, еден од нашите најталентирани играчи за врска својата кариера ќе ја продолжи во Жилина. Како што дознаваме, Стојчевски кој во А.Пандев играше една година откако минатиот јануари од Вардар се пресели во таборот на “пандевци“, веќе потпишал со клубот од Словачка. Интересно, тој треба да го замени Енис Фазлагиќ, кој пред десет дена направи трансфер од Жилина во Висла Краков.

Очигледно е дека Жилина има намера во своите редови постојано да има млад и таентиран македонски фудбалер.

ПретходноДени Илиев се сели на голот на Тренчин
СледноДиаз ги минал лекарските прегледи, но ќе почека за деби во Ливерпул