Ако не Столе Димитриевски, тогаш Александар Трајковски ќе биде репрезентативецот на Македонија кој оваа зима или на лето ќе му се придружи на Езџјан Алиоски во Саудиска Арабија. Како што дознаваме популарниот Алекс, еден од нашите најдобри фудбалери е пред потпис со клуб од пребогатата Саудиска Арабија каде би требало да зема 1,3 милиони евра годишно.
Инаку Трајковски моментално е член на данскиот Алборг, но таму е како позајмен играч на Мајорка. Неговата позајмица истекува во јуни.