Денеска и утре на програмата се спустот и супервелеслаломот во женска конкуренција по што се прави пауза затоа што скијачите и скојачките одат на Зимските олимписки игри во Пекинг. Пред Олимпијадата, швајцарски скијачки ги заземаа првите две места на денешниот спуст во Гармиш-Партенкирхен.
На првото место заврши Корин Зутер, шампионката во спуст од 2020 година. Зутер ја оствари првата победа сезонава во Светскиот куп во алпско скијање, а втор пат е на подиумот после третото место во спустот во Лејк Луис.
Второто место го зазеде нејзината сонародничка Јасмин Флури, а третото Корнелија Хутер од Австрија.
Во генералниот пласман води Микаела Шифрин (1026 бодови) пред Петра Влхова (1009 бодови).
Во категоријата спуст прва е Софија Гоџа со 400 поени, а Зутер е втора со 331.