Јокиќ не застанува: Шести трипл-дабл во јануари и 22 поени во второто полувреме (ВИДЕО)

322

Никола Јокиќ продолжува со одличните партии во НБА-лигата. Српскиот центар дојде до шестиот трипл-дабл во овој месец, вкупно 12-ти оваа сезона во победата на Денвер на гости кај Њу Орлеанс од 116-105.

Во првото полувреме не блескаше, но затоа во вториот дел беше незапорилив. Во третата четвртина постигна 11 поени (откако седум запиша претходно), на крајот дуелот го заврши со 29 поени, 13 скока и десет асистенции, две украдени топки.

Покрај Јокиќ добра партија пружи и Гордон со 20 поени, Морис имаше 13 поени. Денвер е шести на табелата во Западната конференција со скор од 27 победи и 21 пораз.

Од останатите натпревари, вреди да се спомене оној меѓу Милвоки Бакс и Њујорк Никс, кој домашниот тим без многу мака го реши во своја корист. Нема сомнеж дека во тоа многу помогна моќниот Јанис Адетокумбо, кој имаше своја вечер – 123:108.

Грчкиот кошаркар постигна дури 38 поени со 13 скока и пет асистенции со прилично висок процент на удари од игра (12/19). Покрај него во добро издание се покажа Холидеј, кој исто така беше расположен, а мечот заврши со 24 поени со 10 асистенции и пет фатени топки.

На останатите средби Лејкерс без Леброн Џејмс беа поразени од Шарлот со 117-114.

РЕЗУЛТАТИ

Орландо – Детроит 119:103

Атланта – Бостон 108:92

Шарлот – ЛА Лејкерс 117:114

Хјустон – Портланд 110: 125

Мемфис – Јута 119:109

Мајами – ЛА Клиперс 121:114

Њу Орлеанс – Денвер 105:116

Оклахома – Индијана 110:113, по продолженијата

Сан Антонио – Чикаго 131:122

Феникс – Минесота 134:124

 

ПретходноНа Јакобсен не му беше лесно да зборува, но им симна капа на Шпанија и Рибера
СледноЛегендата на Челзи се врати во Премиер-лига!