Романија е прва пречка за Македонија на патот кон пласман на Мундијалот кој следната година ќе се одржи во Полска и Шведска. Доколку избраниците на Кирил Лазаров го минат овој бараж, во последната фаза од битката за Светското првенство ќе се сретнат со селекцијата на Чешка.
Вторите бараж натпревари се играат во периодот меѓу 11 и 17 април. Македонија првата средба ја игра на гости, додека реваншот ќе го игра на домашен терен, што пак можеби е добро, особено ако истиот се игра пред полни трибини.
Македонската ракометна репрезентација е домаќин на првиот бараж натпревар против Романија, двата дуели треба да се играат во периодот од 14 и 20 март.