ББС ја разоткри големата лага на Ѓоковиќ?

5426

И додека Австралија Опен утре ќе добие името на победникот во машка конкуренција во јавноста и натаму во центарот на вниманието е Новак Ѓоковиќ. На српскиот тенисер му беше укината визата и тој беше депортиран во Србија.

Во меѓувреме дел од странските новинари се занимаваат со доказите кои Новак ги имаше на суд како главен адут. Неговиот адвокатски тим изнесе документ дека тој бил позитивен на 16. декември, но ББС излезе со текст дека Србинот лажел.

До оваа констатација дојде на едноставен начин. Според овој угледен медиум, бројот на тестот на Новак не се совпаѓа со останатите тестови кои се направени во тој период во Србија. Серискиот број на првиот тест е поголем од оној кој што е направен на 22. секември кога бил негативен.

Попрецизно, бројо на тестот направен на 16. декември е 7371999, додека оној на 22. декември е 7320919.

Ова покажува дек Ѓоковиќ бил позитивен на 26. декември, а не на 16-ти. Новата истрага која ја направи ББС може дополнително да ја искомплицира ситуацијата на Ноле кога станува збор за влез во Австралија во иднина.

ПретходноЕшли Барти без загубен сет го освои Австралија Опен
СледноСтоилов: Кој не би сакал да игра за Шкупи?