Георгиевски: Романија и Чешка се противници кои можеме да ги победиме, но не смееме да ги потцениме!

263

Македонската ракометна репрезентација го доби патот кон пласман на ново големо натпреварување. За место на Светското првенство, нашите момци треба да ја добијат Романија, а потоа во вториот бараж да ја совладаат Чешка.

Еден од најискусните репрезентативци во нашиот табор, Гоце Георгиевски верува дека Македонија може да дојде до нов пласман на Мундијалот, кој ќе се игра во Полска и Шведска.

„Искрено верувам дека можеме до пласман на Светското првенство, и Романија и Чешка се репрезентации што можеме да ги победиме ако одиграме на највисоко можно ниво. Сепак, мислам дека сега воопшто не треба да размислуваме за Чесите, туку само за Романија и тоа како да ја минеме оваа прва пречка. Тоа е селекција со квалитетни ракометари, повторно го вратија Чави Пасквал за тренер и едно е сигурно, нема да ни биде лесно. Романците никако не смееме да ги потцениме, само со максимална ангажираност и на двете средби ќе го елиминираме овој ривал. Потоа, ќе размислуваме и за Чешка“, изјави Гоце Георгиевски
ПретходноШвајцарска еден-два победа во спустот во Гармиш
СледноИнтер го потврди Фелипе Каиседо