ЕХФ ќе направи промена во термините за одигрување на полуфиналињата на ЕП

458

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе го разгледа планирањето на програмата за финалните натпревари на следните првенства. Проблемот се појави вчера, кога поради само еден меч кој отиде во продолженија, се наруши терминот за почеток на следните два (полуфинални) дуели.

„Натпреварите беа навистина збиени. Тоа е вистина. Треба да размислиме како можеме да го планираме тоа во иднина. Посебно во денови со три натпревари. Долго време е и за гледачите и да останат во сала“, вели претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер.

Видерер вели дека иако има однапред договорен план доколку е потребно да се одложат натпреварите, невозможно е однапред да им се каже на играчите и на делегациите на репрезентациите колку големи ќе бидат доцнењата.

Видерер нагласува дека голем предизвик лежи во тоа како да се анимираат гледачите при долги паузи меѓу натпреварите, доколку ЕХФ сака да биде безбедна со вакви случаи на продолженија и пенали.

ПретходноМЗТ Скопје сигурен во Аеродром, кавадарчани по вторпат без одговор за првакот (ФОТО)
СледноСедлоска повторно најдобар стрелец, Локомотива повторно поразена