Ешли Барти, домашната тенисерка го освои пехарот на Австралија Опен, за првпат во нејзината кариера. Во финалето беше подобра од Даниеле Колинс од САД со 2-0 по сетови (6-3, 7-6).
Барти одигра неверојатен турнир, до врвот дојде без да загуби ниту еден сет од почетокот до финалето.
Првиот сет почна изедначено, по 2-2, освои два гејма за 4-2 и без проблем дојде до 6-3. Во следниот имаше поголема мака, Американката пружи силен отпор. Имаше голема шанса да изедначи, особено ако се земе во предвид дека имаше предност од два брејка и водеше со 1-5, но Барти успеа да се врати и да изедначи на 5-5.
Дуелот отиде во тај-брејк, а таму Барти беше подобра, истиот го освои со 7-2 и дојде до голема победа.