Интер го потврди Фелипе Каиседо

233

Италијанскиот шампион Интер објави дека постигнале договор со Џенова за трансфер на фудбалерот Фелипе Каиседо. Еквадорецот дојде на „Меаца“ како позајмен до 30 јуни 2022 година. Се работи за напаѓач кој има 33 години, а во кариерата играл за неколку европски клубови но и од Азија.

Како млад се преселил во Базел, од таму во Манчестер Сити, па играл за Спортинг Лисабон, Малага, Леванте, Еспањол, Локомотив Москва, Лацио, Џенова, а неколку месеци и во Ал Џазира од Абу Даби.

За ЕКвадор има 68 натпревари и 22 гола.

За Интер ова е второ засилување оваа зима по крилниот фудбалер Робин Госенс кој дојде од Аталанта.

 

ПретходноГеоргиевски: Романија и Чешка се противници кои можеме да ги победиме, но не смееме да ги потцениме!
СледноМитревски: Пасквал има многу трофеи, но Романија во баражот беше поразена!